Екипата на МКК Куманово и по петиот натпревар на второлигашката конкуренција остана не поразен.

Момците предводен од екс селекторит Докузовски забележаа нова победа совладувајќи го на гости Водно Санс со 82-63 .

Гостите во воведните две минути отворија со 10-0.

По тајм-аутот домашниот тим направо серија од 7-2 и се врати во игра. Сепак во 8.минута кумановскиот тим дојде до двојна предност 26-13. До крајот на четвртата беше постигнат само еден кош па резултатот гласеше 26-15 за Куманово.

Во вториот период гостите во неколку наврати имаа и 25 поени предност (17-42), за на одмор да заминат со +18 (32-50).

И во второто полувреме фаворитот постојано одржуваше висока разлика, за на крајот да слави со конечни 82-63.

Со двата нови бода и вкупно 10, МКК Куманово е сам на врвот на табелата.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
недела
ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО 63-82
18.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ
19.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ
петок
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 91-70
сабота
КУМАНОВО 2009 – ШКУПИ 56-101
МЕГА БАСКЕТ – TЕТЕКС 87-79

ТАБЕЛА: МКК Куманово 10, Шкупи 9,  Ангели 8,  Водно Санс 8, Соколи 7, Маџари 7, Мега Баскет 7, МЗТ Скопје У.Б. 6, Работнички 2018 6, Борец Баскет 6, Куманово 2009 5 и Тетекс 5.