Помалку не вообичаено, но наместо в недела да се играат поголемиот дел од прволигашките фудбалски натпревари, денеска на програма се само два. 

И тоа не било какви, туку дерби натпревари. 

Сигурно дека пласманот на табелата не може да го потврди приматот на дерби дуелот во Чаир, но традицијата и реномето кои го имаат Шкупи и Вардар секако дека го прават дерби овој дуел. 

Улогата на „апсолутен“ фаворит ја имаат чаирчани кои се на првата позиција на табелата, за разлика од Вардар кои е последен. Но, мотивот за надигрување сигурно нема да изостане кај црвено-црните, а од друга страна Шкупи ќе сака да докаже дека во моментов е подобар тим. 

Вториот денешен натпревар со право го носи приматот дерби. Тоа е дуелот на второ и трето пласираните екипи на табелата. Шампионот Струга Трим Лум ја пречекува тетовска Шкендија. тетовци во овој дуел влегуваат по двата нерешени исходи со Воска спорт и Брера Струмица. Задачата да се вратат на победите ќе биде исклучително тешка. Струга на домашен терен е во низа од четири победи по стартниот пораз од струмичани.

Двата денешни дерби дуели ќе почнат во терминот од 13 часот.

ПРВА ЛИГА – 13 КОЛО
недела (13 часот)
СТРУГА Т.Л. – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВАРДАР МРТ
одиграно вчера
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 2-3
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-2
ВОСКА СПОРТ – БРЕРА СТРУМИЦА 1-1

Standings provided by Sofascore