Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја оствари и четвртата победа во Првата македонска лига. Актуелниот шампион на гостувањето кај Охрид забележа убедлива победа со 26 разлика (98-73).

Домаќините кои ја добија првата четвртина (28-27), беа рамноправен противник се до 33.минута кога резултатот беше израмнет (52-52).

Следуваше серија од 16-4 за аеродромци и +12 (68-56) во пресрет на последната четвртина. Во неа шампионот континуирано ја зголемуваше разликата и на крајот славеше со конечни 98-73.

Американецот, Расел со 25 и Дамјан Робев со 21 поен беа најефикасните во победничкиот тим.

Со оваа победа МЗТ избива на првото место на табелата во исчекување на резултатите од останатите средби кои ќе се играат викендов.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
Петок
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73-98
Сабота
12.00 ТФТ – ГОСТИВАР
19.00 ЧАИР – КОЖУВ
Недела
18.00 ВАРДАР – АКДЕМИЈА ФМП
19.00 РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ МРТ
без присуство на публика
20.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11 бодови, Чаир 9, ТФТ 9, Еуро Никел 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 8, Гостивар 7, Вардар 7, Охрид 7, Кожув 6, и Академија ФМП 5.