Mладата репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години, е на гостување во Анкара.

Таму нашите младинци попладнево ќе го играа првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Турција.

Овие натпревари се само почеток на подготовките за оваа селекција која следното лето ја очекува настап на ЕП за ракометари до 20 години, во Словенија.

За избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ ова е добра можност за воигрување. Имено станува збор за истата селекција кој летово не израдува со одличниот настап на Мундијалот во Хрватска (У19).

„Секоја ЕХФ недела ќе ја користиме да играме контролни натпревари.

Веќе ги имаме договорено и идните противници се до официјалниот старт на подготовките за ЕП“,

изјави селекторот Стојановиќ пред заминувањето за Анкара.

Двомечот со Турција ќе биде вовед во турнир во Романија „Трофеј Карпати“, што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември.

Денешниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се игра во терминот од 16 часот.