Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ги предводеа своите екипи Денвер и Далас до нови победи. Двајцата кошаркари имаа трипл-дабл ефект, втор пат сезонава. 

Јокиќ со  27 поени, 11 асистенции и 10 скокови го предводеше шампионот Денвер до триумф над Јута со 110:102. За Србинот тоа беше 107-ми трипл-дабл во кариерата. 

Словенецот, Дончиќ, стигна до 58-от трипл-дабл во кариерата, реализирајќи 35 поени, 12 скока и 12 асистенции. Далас ја оствари четвртата победа совладувајќи го Мемфис со 125:110.

Индивидуално вечерта ја одбележаа.

Стеф Кари со 42 поени (7/13 за тројки), во победата на Голден Стејт на гости кај Њу Орлеанс. Дежонте Мареј реализира 41 поен во триумфот на Атланта „Хоукс“ над Минесота со 127:113. 

Индијана – Чикаго 105:112
Вашингтон – Бостон 107:126
Милвоки – Мајами 122:114
Лос Анџелес Лејкерс – Орландо 106:103
Шарлот – Бруклин 121:133
Оклахома Сити – Детроит Пистонс 124: 112 
Торонто – Портланд 91:99