Кошаркарската вест на денот во светот е размената на Џејмс Харден од Филаделфија во Лос Анџелес Клиперс.

Оваа информација пренесуваат сите американски медиуми. 

Во правец на Лос Анџелес, покрај Харден ќе заминат и Пи Џеј Такер и Филип Петрушев. Во обратен, Филаделфија ќе ги добие Маркиз Морис, Николас Батум, Роберт Ковингтон и К-Џ Мартин, а дополнително ќе има размена на “пикови“ на драфтот.

Тимот на „Киперси“ сега ќе има фантастичен квартет особено на надворешните позиции. Харден ќе им се приклучи на Расел Вестбру, Каваи Ленард и Пол Џорџ. 

ЛА Клиперс добро ја почнаа новата сезона во која досега имаат забележаа две победи, а беа поразени со два поени разлика на гостувањето кај Јута (118-120).