Иако во Канкун ноќеска започна завршниот ВТА Мастерс турнир, сепак утринава има мали промени во ТОП 10-та на женската ранг листата.

На првите три места остануваа, Арина Сабаленка, Ига Швјонтек и Коко Гоф. 

Рибакина и Пегула ги сменија позициите, па казахстанската тенисерка сега е четврта, а Американката пета.

Две позиции напредуваше Вондрушова која е на 6.место, додека Џабер остана седма.

Најголем пад од три позиции има Сикари, па грчката тенисерка сега е деветта, пред Крејлкова која со скокот од три места ја заокружува листата на ТОП-10.

Што се однесува до завршниот турнир, во Канкун. Во првите дуели од „А“ групата, Сабаленка и Пегула забележаа победи во два сета над Сакари и Рибакина.

Во групата „Б“ ноќеска ќе се играат првите мечеви, а двојките се Швјонтек – Вондрушова и Гоф – Џабер.