Во Првата македонска фудбалска лига денес ќе се одиграат 5 натпревари од 12-тото коло. Сите дуели ќе започнат во терминот од 13 часот.

Лидерот на табелата, екипата на Шкендија на свој терен ќе ја дочека Воска Спорт. Шкендија важи за голем фаворит на овој натпревар и се освен победа ќе биде разочарување за нив. Во досегашниот дел видовме дека Воска Спорт знае да направи изненадување, па останува да видиме дали тоа ќе се случи и денес.

Актуелниот шампион, екипата на Струга ТЛ ја очекува незгодно гостување во Гостивар. Домашната екипа на Гостивар игра доста променлив фудбал и нема да е изненадување доколку успее да извлечи позитивен резултат од овој натпревар.

Вардар во претходното коло успеа да ја забележи втората победа оваа сезона, па можеби тоа ќе биде нивни почеток на позитивни резултати кој би го продолжиле и денес. Брера заборави што е тоа победа и на денешниот натпревар можеби конечно ќе успеат да слават против Вардар, кој се наоѓа на последната позиција.

Работнички беше поразен во претходната скопска пресметка, но сега ќе има шанса да приреди изненадување во новата скопска пресметка, против фаворитот Шкупи. Чаирчани не само што се фаворити на овој натпревар, тие ќе бараат и одмазда за поразот во првото коло.

Македонија ЃП после промената на тренерската позиција се очекува со нова позитивна енергија да се врати на победите. Денешниот нивни противник е екипата на Тиквеш која е секогаш непредвидлив противник и секогаш знаат да атакуваат на победа.

Во воведниот прв натпревар кој што се одигра ден претходно помеѓу екипите на Силекс и Брегалница, мрежите мируваа, а бодовите беа поделени.

ПРВА ЛИГА 12. КОЛО
nедела (од 13 часот)
ГОСТИВАР – СТРУГА T.Л.
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – БРЕРА СТРУМИЦА
сабота
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0

Standings provided by Sofascore