Нови осум натпревари ќе се играат денеска во фудбалската Лига на шампиони.

Иако на програмата е само 3-тото коло во групната фаза многу работи може да бидат решени, околу пласманот на екипите во нокаут рундата.

Така екипите на Барселона и актуелниот шампион Манчестер Сити, вечерва можат ширум да си ги отворат вратите за првата елиминациска фаза.

Двата тима остварија победи во првите два натпревари и со максимални 6 бодови се лидери во своите групи.

Затоа пак интересно се очекува да биде во другите две групи, во кои сите екипи се во игра за првите две позиции.

Во групата на „смртта“, водечкиот Њукасл ја пречекува Борусија Дортмунд. Германскиот тим мора да оди на полн плен за да остане во игра. „Милионерите“ досега освоија само еден бод и се последни, а англискиот клуб со 4 бода е прв.

Во истата конкуренција ПСЖ (3) во дуелот со Милан (2) влегува со бод повеќе од италијанскиот клуб.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3 КОЛО

Е ГРУПА
18:45 ФЕЕНОРД – ЛАЦИО
21:00 СЕЛТИК – АТЛЕТИКО МАДРИД
Табела
1 Атлетико М. 4
2 Лацио 4
3 Феенорд 3
4 Селтик 0
Г ГРУПА
21:00 РБ ЛАЈПЦИГ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
21:00 ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР СИТИ
Табела
1 Манчестер С. 6
2 РБ Лајпциг 3
3 Ц. Звезда 1
4 Јанг Бојс 1
Ф ГРУПА
21:00 ЊУКАСЛ – БОРУСИЈА Д.
21:00 ПСЖ – МИЛАН
Табела
1 Њукасл 4
2 ПСЖ 3
3 Милано 2
4 Борусија Д. 1
Х ГРУПА
18:45 БАРСЕЛОНА – ШАХТЈОР
21:00 АНТВЕРПЕН – ПОРТО
Табела
1 Барселона 6
2 Порто 3
3 Шахтјор 3
4 Антверпен 0