Екипата на ТФТ ја оствари втората победа во Првата кошаркарска лига. 

Во воведниот натпревар од 4.коло, одигран во СЦ „Кале“, ТФТ очекувано беше подобар од Академија ФМП со 73-64 . 

Иако првото полувреме им припадна на гостинските кошаркари кои во еден миг имаа и најголеми +13 (25-38), сепак во вториот работите дојдоа на место. 

Фаворитот ТФТ, долго се мачеше за конечно, дури во 34.минута, за прва пат да стигне до двоцифрена предност (61-51). Иако во продолжението „академците“ се обидуваа да ја анулираат негативата, тоа не им успеа. На крајот ТФТ заслужено славеше со 9 поени разлика.

Најефикасен во победничката екипа беше Американецот, Дејвид Хотон со 17, а Зафиров постигна 14 поени. Кај Академија ФМП, воено и на натпреварот, најефикасен беше Нигериецот, Омотао Џордан Огундиран со 21 поен. 

Двојната денешна програма во СЦ „Кале“ ќе продолжи од 18 часот за кога е закажано „вечното“ дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром. 

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
сабота
ТФТ – АКАДЕМИЈА ФМП  73-64
18.00 РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ПЕЛИСТЕР
19.00 ЧАИР – ВАРДАР
20.00 ФЕНИКС – КОЖУВ
недела
18.30 ОХРИД – ГОСТИВАР

Сите натпревари може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.