По одличниот настап на Мундијалот во Хрватска, младинската машка ракометна репрезентација ќе ја има првата „акција“.
Во првата половина на следниот месец, нашите млади ракометари ќе имаат неколку контролни натпревари.
Од 3 до 5 ноември во Анкара, ќе играат контролни натпревари со селекцијата на Турција. Тоа ќе биде вовед во традиционалниот турнир во Романија „Трофеј Карпати“, што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември.
Селекторот Раде Стојановиќ денеска го објави списокот со 18 ракометари. Тие на 31 октомври ќе треба да ја јават на првата прозивка закажана во 13 часот во х. „Континентал“.