Бразилската ѕвезда Нејмар беше изнесен на носилки на крајот од првото полувреме од натпреварот против Уругвај. Се чини дека се работи за повреда на коленото.

Уругвај го победи Бразил со 2:0 на преполниот стадион „Сентенерио“ во Монтевидео, прва пат по 2001 година.

Проблемите за Бразил стигнаа само неколку моменти откако го прими првиот гол на крајот од првото полувреме.

По дуелот со Николас де ла Круз се повреди Нејмар. Бразилскиот фудбалер кој летово се пресели во Саудиска Ал Хилал го повреди коленото и на носилки и во солзи беше изнесен од теренот.