Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром, во четири дена ќе одигра два дерби дуели.

Покрај денешниот во Битола против Пелистер, веќе во сабота МЗТ ќе го игра „вечното“ дерби со Работнички.

КФМ, веќе ги одреди термините за натпреварите од 4.коло, кое на програмата е викендов.

Така, дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром што ќе се игра во СЦ „Кале“ е закажано за во сабота од 18 часот.

Тоа е еден од петте натпревари во саботниот термин, а еден натпревар ќе се игра во недела.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
сабота
12.30 ТФТ –  АКАДЕМИЈА ФМП
18.00 РАБОТНИЛКИ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ПЕЛИСТЕР
19.00 ЧАИР – ВАРДАР
20.00 ФЕНИКС – КОЖУВ
недела
18.30 ОХРИД – ГОСТИВАР