Македонскиот вицепрвак Алкалоид, утре ќе го има своето деби на европската сцена. Алкалоид ќе настапи во второто по квалитет натпреварување ЕХФ Европската лига.

Младата екипа предводена од Кирил Лазаров ќе настапи во „Ф“ групата. Во првиот натпревар Алкалоид ќе игра против српскиот првак Војводина, тим кој минатата сезона победи во Европскиот куп.

,,Ова е историски натпревар за Алклаоид. Минатата сезона направивме голем успех, во втората година од нашето постоење се пласиравме во Европската лига на ЕХФ. Тоа е второ по квалитет натпреварување во Европа.

Лани имавме само македонски играчи, сега се засиливме со двајца интернационалци кои треба да ни донесат искуство

Покрај тоа што сакаме достојно да го репрезентатираме македонскиот ракомет, наша цел е да бидеме конкурентни во силната група на екипи кои ги имаме за противници.

Подготвени сме за утрешниот натпревар во кој доколку бидеме на потребното ниво и ни се укаже шанса, сигурно ќе се обидеме да изненадиме“, изјави Лазаров.

Натпреварот, Алкалоид – Војводина ќе с игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20.45 часот.

Покрај Војводина, противници на Алкалоид ќе бидат и шпанската Ла Риоха и тимот на Силкеборг.

Картите за натпреварот Алкалоид – Војводина
со симболична цена од 100 и 150 денари