Со натпреварот одигран во скопската населба Маџари, заокружена денешната програма од 2.коло во Втората лига.
Домашна екипа на Маџари беше подобра од МЗТ Скопје У.Б. со 82-64.
,,Ревијата” на тројки на двете страни придонесе за голем број на постигнати поени во првата четвртина. Домаќините ја добија со шест разлика 33-27.
Во втората четвртина за нијанса подобри беа играчите на Маџари, па на полувреме заминаа со двоцифрена предност 50-40.
Речиси и третиот период мина во иста игра. Домаќините се обидуваа да ја зголемат предноста, но аеродромци не се даваа, се до последниот напад кога со кошот на Хот, Маџари направо најголеми +12 (64-52).
Немаа сили младите аеродромци, па на крајот, Маџари заслужено се радуваше на првата победа.
Дербито меѓу Чаир и Водно Санс. Во неизвесна завршница гостите славеа со еден поен и ја остварија втората победа.
Убедлив триумф и тоа на гости славеа Ангели кои со 27 разлика го победија Тетекс.
И штипските Соколи се израдуваа на првата победа совладувајќи го прилепски Мега Баскет.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 2. КОЛО
сабота
ШКУПИ – ВОДНО САНС 81-82
СОКОЛИ – МЕГА БАСКЕТ 80-73
ТЕТЕКС – АНГАЛИ 50-77
МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 82-64
КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ 2 72-81
недела
15.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО