Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го доби првото македонско дерби во регионалната АБА2 лига.
Во последниот натпревар од воведниот турнир во Суботица, МЗТ славеше над Пелистер со 91-78.
Пелистерци подобро го започнаа натпреварот. Речиси постојано беа во предност (највисока 5 поени), за на првата пауза битолчани да заминат со +3 (25-22). Во втората четвртина. По водството на противникот (25-28), МЗТ направи серија од 12-0 и поведе со највисоко +11 (38-28). Но, брзо возврати Пелистер со 9-0, па зелено-белите дојдоа на -2 (37-49). На полувремето МЗТ замина со пет поени предност (45-40).
Во второто полувреме. Шампионот имаше фантастична реализација од шутевите од поле. МЗТ повторно дојде до двоцифрена предност (67-56). До крајот на периодот од тие 11, сочуваа 6 поени (69-63).
Во последната четвртина. Пелистер постојано се обидуваше да ја намали негативата, но шутерското шоу на аеродромци не попушташе, напротив. На крајот МЗТ славеше со конечни 91-78.
Во победничката екипа, најефикасен беше Војдан Стојановски со 20 поени, додека Дамјан Стојановски и Танасковиќ додадоа по 16. Кај поразениот тим на Пелистер, Лука Стојановски уфрли 22, а Андреј Маслинко на 20 поени додаде 9 скокови.
Со овој натпревар заврши првиот од шесте предвидени турнири во регуларниот дел на АБА2 лигата. Вториот турнир, на кој ќе бидат одиграни по три натпревари, ќе се одржи од 13 до 19 ноември.
А, веќе во среда, Пелистер и МЗТ Скопје повторно ќе се „судрат“, во дербито од 3.коло што ќе се игра во Битола.