Во натпревар од 2.коло на Евролига, екипата на Црвена Звезда загуби на гостувањето кај Жалгирис 79-74 иако ги доби првите три четвртини.
На дуелот одигран во Каунас, белградскиот тим лошо го отвори натпреварот и по сами 4,минути игра имаше двоцифрена негатива.
Реакцијата на Душко Ивановиќ вроди со плод, па до крајот на четвртината Црвена Звезда беше екипата која оствари предност (21-19). И во вториот период се играше цврста кошарка, па на полувремето црвено-белите додадоа поен повеќе (38-35).
Во вториот дел, гостите беа оние кои го контролираа резултатот, Звезда имаше и +9 (61-52). Следуваше серија на Жалгирис од 15-2 за водство од 67-63.
Тоа како, заедно со големата поддршка од трибините, да им даде „крила“ на домаќините кои до крајот не ја испуштија предноста и се радуваа на втората победа.
Летонецот, Смитс со 18 и Улановас со 16 поени беа најзаслужни за победата на Жалгирис. Литванскиот тим кој во следната рунда ќе игра во Мадрид против актуелниот шампион Реал.