Кој вели дека македонската кошарка е во криза!? Судејќи виденото по само две изминати кола, констатацијата ви е на место.
Но. Натпреварите од втората рунда минаа во знакот на двете „луди“ тројки постигнати од својата половина.
Вчера кошаркарот на Кожув, Главчев тоа го стори на истекот на првата четвртина од натпреварот во Кавадарци против Фени Индустри.
Вечерва во „Јане Сандански“ тоа му испеа и на вардаровиот играч Бајрам, во натпреварот со Феникс.
Вакви тројки ретко се гледаат на терените ширум светот, а кај нас беа раритет се до ова коло.
Изборот е ваш. Чија тројка е по атрактивна!?