Кошаркарите на Работнички се радуваа на втората победа во новата сезона од прволигашката конкуренција.
На дербито од 2.коло одиграа вечерва во Битола, Работички минимално со 92-90 го победи Пелистер.
Интересен натпревар во кој двете екипи имаа свои добри периоди на игра. Домаќините го добија првиот со 28-21, а следните два им припаднаа на гостите (18-30 и 18-25). Работнички на стартот на последната четвртина поведе и со +14 (64-78), предност која се покажа како решавачка.
Пелистерци на 4.секнди до крајот стигнаа и на 1 негатива. Американецот, Декоси на спротивната страна погоди две слободни фрлања за (89-92). Но, Пелистер не успеа да го искористи последниот напад и да се избори продолжение, па резултатот не променет, а Работнички се радуваше на победа.
Така бадијала останаа оние 27 поени на домашниот играч Американецот, Бернанрд, додека во победничката екипа најефикасен со 20 поени беше неговиот сонародник Трајс.
ПРВА ЛИГА – 2.КОЛО
Сабота
ТФТ – ЧАИР 77-66
ОХРИД – ФМП АКАДЕМИЈА 82-66
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 90-92
недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – КОЖУВ
понеделник
18.00 ФЕНИКС – ВАРДАР
одиграно во средата
МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 85-59
ФОТО КФМ