Настапите на македонските екипи на меѓународен план (ФИБА Еврокуп и АБА2 лига) се причината за продолженото 2.коло во прволигашката конкуренција.
Шампионот МЗТ Скопје веќе си ја заврши работата во средата совладувајќи го Гостивар (85:59).
Денеска ќе бидат одиграни три натпревари од оваа рунда.
Првиот е веќе од 13.30 часот во СРЦ „Кале“. Во скопската пресметка се среќаваат екипите на ТФТ и на Чаир. Двата дима во овој меч влегуваат со дијаметрално спротивни резултати од првата рунда. ТФТ стартуваше со убедлив пораз од Работнички, а Чаир победнички со убедливиот триумф над Феникс.
Од 18 часот, првиот натпревар пред својата публиката во „Билјанини извори“ ќе го одигра Охрид кој е апсолутен фаворит во натпреварот против „скрпениот“ состав на Академија ФМП.
Дербито на денот, но и на колото ќе се игра во Битола. Екипата на Пелистер кој на стартот загуби од Гостивар, а во меѓувреме го назначи Дарко Радуловиќ за тренер, го пречекува амбициозниот сезонава Работнички.
Утре во „Јасмин“ во Кавадарци, ќе играат Еуро Никел и Кожув, а колото ќе го заокружи дуелот Феникс – Вардар, закажан за во понеделник.
ПРВА ЛИГА – 2.КОЛО
Сабота
13.30 ТФТ – ЧАИР
18.00 ОХРИД – ФМП АКАДЕМИЈА
20.30 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – КОЖУВ
понеделник
18.00 ФЕНИКС – ВАРДАР
одиграно во средата
МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 85-59