Кошаркарите на Работнички со три порази во исто толку одиграни натпревари го завршија настапот во ФИБА Еврокупот.
И во последниот натпревар од „А“ квалификациската група што се играше во СЦ „Кале“ во Скопје, Работнички беше поразен.
Овојпат тимот од „Градски парк“ загуби од холандската екипа Донар Гронинген 65-62.
Така Работнички заврши како последен четврти во оваа конкуренција во која екипата на Сабах од Азербејџан, предводена од македонското тренер Бобан Митев го осои првото место.
Со убедливата победа над романската екипа Динамо Букурешт со 90-71, Сабах се пласира во следната рунда на ова натпреварување.
Со тоа „авантурата“ на македонските екипи на европската сцена, заврши повеќе од неуспешно.
Покрај Работнички и екипата на Феникс се посрами, губејќи ги двата натпревари во групата „Е“ со убедливи 47, односно 29 поени разлика.