Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на АТП Мастерсот во Пекинг.
Синер во финалето во два сета го победи Данило Медведев.
До првата победа над Медведев, Италијанецот стигна во седмата меѓусебна пресметка. Претходните шест му припаднаа на Русинот.
Во интересен и неизвесен меч, Италијанецот стигна по два одиграни тај-брејка беше. И двата ги доби со идентичен резултат 7:6(2) и 7:6(2).
За Синер ова е третата титула годинава, откако триумфира во Торонто и Монпелје. На патот до неа Италијанецот ги победи првите двајца носители (Алкараз и Медведев).
Русинот пак остана на 20 титули во кариерата, од кои шест има годинава.