И денеска на европската кошаркарска сцена, бележиме настап на македонски претставник.
Феникс ќе го игра својот втор натпревар во ФИБА Еврокупот.
Во рамките од „Е“ квалификациската група во Никозија на Кипар, Феникс за противник ќе го има германскиот тим Рошток.
Денис Дервишевиќ и неговите избраниците вчера се посрамотија на своето деби. Тие беа декласирани од кипарскиот тим Керавнос од кого загубија со 47 поени разлика.
Тешко е да се поверува дека се кадарни денеска да слават триумф, но спортски е да се надеваат, ако не повеќе барем достојно да го претстават мак-баскетот.
Натпреварот Феникс – Рошток ќе се игра во терминот од 18 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
На турнирот во Скопје, каде настапува вториот македонски тим, Работнички, денеска е слободен ден.