Двата воведни натпревари во второто коло од групната фаза во Лигата на Шампионите приредија многу возбудувања.
Брага на гостувањето кај Унион Берлин се врати од негатива 2:0 за да со гол во финишот дојде до сензационален триумф, додека пак Сосеидад полесно од очекувањата со 0:2 славеше на гостувањето кај Салзбург.
Натпреварот во Берлин започна одлично за домашната екипа. Унион Берлин со двата гола на Бекер во 30 и 37-та минута имаше сигурни 2:0. Сепак гостите од Португалија успееја во финишот на полувремето преку Ниакате да намалат за 2:1 на пауза.
Целосното враќање во натпреварот следуваше во вториот дел кога Брума во 51-та изедначи на 2:2.
За целосен пресврт и голема победа се погрижи Кастро во 94-тата минута.
Вториот натпревар во терминот од 18:45 се играше во Австрискиот град Салзбург каде домашната екипа Ред Бул Салзбург го пречека Реал Сосиедад.
Гостите од Сосиедад одлично влегоа во натпреварот и преку Ојразабал во седмата и Мендеж во 27-та создадоа капитална предност од 0:2.
Ваквиот резултат остана непроменет до крајот, па бодовите отидоа во Шпанија.