Од денеска до четврток вниманието на македонската спортска јавност ќе биде насочено кон кошарката.
Две македонски екипи, Работички и Феникс, кои ќе ја преставуваат Македонија во ФИБА Еврокупот.
Први на сцената излегуваат кошаркарите на Работнички. Најтрофејниот македонски клуб денеска ги почнува своите натпревари.
Работнички кој по подолги години повторно се враќа на меѓународната сцена, ја доби и привилегијата да игра пред своите симпатизери. Имено, натпреварите од квалификациската „А“ група ќе се играат во СЦ „Кале“ во Скопје.
Ривали на Работнички ќе бидат холандската екипа Донар Гронинген, за која лани настапуваше македонското репрезентативец Андреј Магдевски. Во конкуренција се и романскиот Рапид Букурешт и односно тимот на Сабах од Азербејџан кој од неодамна го презема македонскиот тренер Бобан Митев.
Работнички своите натпревари ќе ги игра во терминот од 20 часот и 30 минути.
Феникс ќе игра во „Е“ групата во Никозија. Покрај домаќинот Керавнос, противник ќе биде и германскиот тим Рошток.
Групите ќе се играат според принципот „секој со секого“, а пласман ќе обезбеди само победниците.
Комплетниот распоред и саатницата може да ги погледнете на следната објава.