Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по вчерашниот триумф на фјучрсот во Куршумлијска Бања бележи скок од дури 30 места на ВТА листата.
Со освоените 70 поени од турнирот во Србија, а сега со вкупно 399 поени, Ѓорческа се искачи на 186.то место.
Таа е сега многу блиску до својот најдобар ранг кога беше 170-та на ВТА листата (12.јуни 2017 г).
Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и сега се наоѓа на 309.то место со 256 поени.
И Магдалена Стоилковска има скок од седум позиции и сега се наоѓа на 1237.-то место со 8 поени. Во конкуренција на двојки Стоилковска е на 1475.то место со 6 поени и таа како и Лина во оваа конкуренција има пад за шест позиции.
Оваа недела активна на тениските турнири ќе биде единствено Стоилковска која ќе настапува на фјучрс турнирот во Шибеник.
Инаку во TOП 10-те на ВТА листата нема промени. Арина Сабаленка и натаму е прва, пред Ига Швјонтек и Коко Гоф.