Екипата на Гостивар победнички ја започна новата сезона во Првата машка кошаркарска лига .
На натпреварот одигран попладнево пред својата публика, гостиварци беа подобри од Пелистер (75-68).
Првиот период им припадна на гостите од Битола (18-16), а во вториот подобри беа домаќините (25-17).
На стартот на вториот дел Гостивар направи серија и дојде до првата двоцифрена предност +11 (48-37).
Таквата предност домаќинот ја имаше и на стартот на последната четвртина, по што Пелистер направи серија и се врати во игра (65-61).
Сепак. Немаа сили битолчани докрај да направат комплетен пресврт, па Гостивар се израдува на победата со конечни 75-68.
Во победничката екипа најдобар погрешен Митевски кој оствари дабл-дабл до 16 поени и 11 скокови. Најефикасен на натпреварот, воедно и кај Пелистер беше Мслинко кој постигна 18 поени.
ПРВА ЛИГА – 1.КОЛО
недела
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 75-68
во среда
18.00 ФМП АКАДЕМИЈА – ЕУРО НИКЕЛ
одиграно претходно
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А. 64-86
ВАРДАР – ОХРИД 90-83
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 73-56
ЧАИР – ФЕНИКС 93-72