Во Првата македонска фудбалска лига денес се одиграа 5 натпревари и се комплетираше 9-тото коло.
Дербито се одигра во Чаир каде што силите ги одмерија екипите на Шкупи и Струга ТЛ.
Поседот во првиот дел им припадна на домашната екипа, меѓутоа најголемата шанса за погодок ја имаше Марјан Радески, но Артан Иљази имаше одлична интервенција.
Во вториот дел Кувен во 52-минута донесе водство за Шкупи. Десет минути подоцна црвен картон за младиот Христијан Георгиевски и досуден пенал за чаирчани. Кристијан Трапановски биеше одлично, но Ведран Ќошевски имаше прекрасна интервенција и резултатот остана непроменет.
Со играч помалку тешко успеваа гостите да креираат шанса за гол, а Шкупи тоа го искористи и во 90-минута Арби Воша ги постави конечните 2:0.
Гостивар успеа да ја запре екипата на Шкендија, а малку среќа им фалеше за целосно изненадување. Гостиварчани на два пати имаа водство на натпреварот, меѓутоа играчите на Шкендија со голот на Тотре од пенал дојдоа до 1:1, а конечните 2:2 ги постави Цаке во 89-минута.
Силекс пред своите гледачи успеа да слави со Воска Спорт иако гостите први дојдоа до водство. Конечниот резултат беше 4:2.
Работнички издвојува минимална победа од 1:0 против Тиквеш.
Брегалница и Вардар ги поделија бодовите во натпревар без голови.
ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО
Недела
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 2-0
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 4-2
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 2-2
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-0
Сабота
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – БРЕРА СТРУМИЦА 1-0
СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ЕДНО МЕСТО