Големото дерби во Премиер лигата, меѓу Тотенхем и Ливерпул понуди одличен фудбал, во кој победникот беше решен со авто-гол во судиското дополнение.
Тотенхем славеше со 2-1 благодарение на авто-голот на Матип (90+6).
Но, она што го одбележа мечот е катастрофалната арбитража.
Пред водството на Тотенхем, на Ливерпул му беше поништен чист гол. Главниот судија, Сајмон Хупер покажа дури 10 жолти картони, а гостите од „Енфид“ средбата ја завршија со двајца фудбалери помалку. Беа исклучени Џонс (26.минута) и Жота (69).
На социјалните мрежи веќе се појавија бројни видеа и фотографии, со многуте грешки на судиите.
Дел од нив може да видите во продолжение.