Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Вардар со победи ја почнаа новата сезона во Првата машка кошаркарска лига. МЗТ Скопје со убедлива победа над Кожув, а Вардар со голем пресврт над Охрид.

МЗТ Скопје на гости во Гевгелија го победи Кожув 86-64.

Триумфот го најавија уште во првиот период што го добија со 26-14, а на полувремето веќе беше јасно. МЗТ на одмор замина со 20 разлика (49-29).

Така вториот дел беше само чиста формалност, а МЗТ на крајот славеше со конечни 86-64.

Најефикасен во победничката екипа беше Танасковиќ со 17, додека Баковиќ постигна 12 поени. Двоцифрени беа и: Расел 11, Крстевски и Робев кои додадоа по 10.

Во вториот денешен натпревар, Вардар со одлична игра во последната четвртина го победи Охрид со 90-83.

Првото коло кое ќе биде заокружено утре со нови два меча.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 1.КОЛО
сабота
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А.  64-86
ВАРДАР – ОХРИД  90-83
недела
18.00 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
18.00 ФМП АКАДЕМИЈА – ЕУРО НИКЕЛ
среда
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 73-56
ЧАИР – ФЕНИКС 93-72

Сите натпревари можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ