Во Втората македонска фудбалска лига, денес ќе се одигра седмото коло. Сите осум натпревари се закажани со почеток во 14 часот.
Беса и Кожуф после 6 одиграни натпревари го делат врвот со идентичен број на бодови, односно и двете екипи имаат по еден пораз и пет победи.
Екипата на Беса поради подобрата гол разлика во ова коло влегува како лидер на табелата. Нова победа ќе бркаат во Струга против екипата на Караорман.
Кожуф на домашен терен ќе атакува на победа, а за ривал ја има екипата на Тетекс.
Пелистер заостанува 2 бода од првопласираните екипи, а својата борба за првата позиција ја продолжува во Неготино каде што ќе се сретне со екипата на Вардар Неготино.
Детонит Плачковица после високиот пораз во Тетово, пред својата публика ќе се обиде да ја совлада екипата на Башкими и да се врати на победите.
ВТОРА ЛИГА – 7.КОЛО 14 часот
БЕЛАСИЦА – ОХРИД
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БАШКИМИ
СКОПЈЕ – АРСИМИ
КАМЕНИЦА САСА – ПОБЕДА
КАРАОРМАН – БЕСА
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ТЕТЕКС
НОВАЦИ – ОСОГОВО
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПЕЛИСТЕР