Екипата на Вардар се врати во Првата кошаркарска лига. Вардарци попладнево ќе го играат првиот натпревар, а гостин е тимот на Охрид. 

Црвено-црните како и охриѓани ланската сезона беа најдобрите во второлигашката конкуренција, и заслужено се изборија за место во елитата. 

Сега таму ќе ги чека потешка задача, а првенствено целта ќе биде опстанат во ова друштво. 

„По пауза од две години повторно сме во елитното друштво. Заедно со управата решивме да го задржиме костурот од минатата година. Наша цел е промоција на млади играчи, за што говори и самиот факт дека денес во составот ќе имаме 7 младински репрезентативци од м16 до м20.

Нема да имаат споредна улога, напротив, некои од нив ќе имаат сериозна задача како денес, така и во текот на целата сезоната. Просекот на екипата е 20,5 години што е веројатно најмладиот во лигата.

Во преговори сме со едно странско засилување, но и да не се реализира тоа, јас сум убеден дека со многу труд и напорна работа можеме да опстанеме во лигата.

Секако дека нема да биде лесно денес на дуелот со Охрид со кого добро се познаваме од претходните 2 сезони. Со правилен пристап мотивација и добра енергија сметам дека можеме до победа“, изјави за СПОРТ+, Јованчев. 

Како ќе изгледа тоа на теренот останува да видиме на натпреварот што ќе започне од 18 часот, а се игра во СЦ „Кале“. 

Во истиот термин во Гевгелија ќе играат Кожув и МЗТ Скопје Аеродром. 

Двата натпревари можете да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО МАК-БАСКЕТ