Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список  за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2024-та. .

Македонија е дел од групата 5-тата квалификациска група. Во неа црвено-жолтите за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.

Во првиот круг од квалификациите, нашите ракометарки ќе одигра два квалификациски натпревари.

Првиот на домашен терен против Азербејџан на 11 октомври. Четири дена подоцна (15 октомври) следи натпревар на гости против Литванија. 

ЕП ќе се одржи во Австрија , Унгарија и Швајцарија 2024-та. Пласман ќе изборат двете првопласирани репрезентации од осумте групи, како и четири најдобри третопласирани селекции.

На поширокиот список на селекторот се дури 35 ракометарки.

РАКОМЕТ (Ж) – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024