Екипата на Работнички со победа ја започна новата сезона во Првата машка македонска лига.
Во премиерниот натпревар, тимот на Работнички славеше над ТФТ со 73-56 .
На средбата одиграна во СЦ „Кале“, домаќинот победата ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 15 разлика (24-9). Се натаму беше само чиста рутина па на крај Работнички заслужено се радуваше на триумфот.
Најефикасен во победничката екипа беше Американецот, Декоси со 14 , додека Џелетовиќ постигна 13, а Ѓуроски 12 поени.
Во тек е и вториот натпревар од првото коло. Екипата на Чаир е домаќин на Феникс.