Вардарци повеќе нема да молчат!?

Од таборот на најтрофејниот македонска фудбалски клуб за утре најавуваат прес конференција.

На истата како што најавуваат, јавноста ќе биде запознаена со целокупната вистина!

„Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше!

Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55 ч.

Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина.

Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот!

Прес-конференцијата ќе биде емитувана во живо на официјалните страници на ФК Вардар и н.г. “Комити Запад”.“

Вардар по седум одиграни натпревари е последен на табелата со само 4 освоени бодови, а во претстојното коло гостува во Штип кај амбициозната Брегалница.