Српската телекомуникациска компанија М-Тел, која работи и во Македонија, истовремено ќе биде спонзор на најголемиот кошаркарски ривали во мак-баскетот.
Откако лани почнаа со долгогодишна соработка со КК Работнички, сега М-Тел влегува и во МЗТ Скопје Аеродром.
Ова го најавија аеродромци, кои за утре закажаа и официјализирање на договорот (соработката).
Ден подоцна (среда) ќе има и презентација на новиот тим на МЗТ Скопје Аеродром за сезоната 2023/24.
На истата ќе бидат презентирани амбициите и целите на клуб, за кои ќе говорат тренерот Васко Атанасов, заедно со уште двајца од најискусните кошаркари.