Македонскиот вицепрвак Алкалоид ја забележа третата победа во суперлигашката конкуренција.
Во натпревар од 3.коло на „А“ групата одигран во Автокоманда, Алкалоид го победи Еурофарм Пелистер 2 со 42-29.
До 4-тата минута битолчани беа оние кои го диктираат темпото и го имаа вдовство. Првото исклучување во гостинскиот состав Алкалоид го казни со четири гола во низа за водство 7-3. Како минуваат минутите така Алкалоид ја заголемуваше предноста. На полувремето домаќинот замина со +8 (23-15).
Вториот дел беше само чиста формалност па Алкалоид славеше со 13 гола, што беше и најголемата разлика на натпреварот.,
Иван Џонов и Марко Митев беа најефикасните на натпреварот со по 7 постигнати гола. По еден помалку (6) реализираа Давид Савревски и Александар Петровски.
Кај гостите, најефикасен беше Петар Маркоски кој постигна 6, а пет додаде Стефан Трпчевски.
алкалоид како и Вардар се двата тима кои досега имаат максимални (три) победи.
Шанса да им се приклучи попладнево ќе има Тиквеш. Кавадарчани на домашен терен од 18 часот го играат дуелот со Струга.