Актуелниот македонски шампион, тимот на баскет Кам со трофеј ќе ја почне новата сезона во мак-баскетот.

Екипата од македонска Каменица, го демолира МЗТ Скопје Аеродром со 102-52.

Јасно беше и пред натпреварот дека МЗТ нема што да бара во овој натпревар. Со „девојчиња“ по 14, 15, 16 години, тешко до повторување на ланската сензација.

Тогаш со американките засилувања МЗТ стигна до трофејот во Купот на Македонија, но сега речиси со младински состав неизбежен беше поразот. Тој на крајот беше изразен со неверојатни 50 поени разлика.

Но, тоа е за некоја друга тема.

А, за Супер купот. Најефикасни на натпреварот и во победничката екипа беа Димова со 25, а Адамова со 20 поени.

За екипата на Баскет Кам ова е втор трофеј во ова натпреварување, откако лани до првиот стигна со победата над Бадел.

ФОТО ГАЛЕРИЈА – КФМ