Со натпреварите помеѓу Милан и Њукасл, односно Јанг Бојс и Лајпциг, започна групната фаза од новата сезона на Лига на шампиони. Во Милано бодовите беа поделени, а мрежите мируваа.

Екипата на Милан пред своите гледачи ја отвори новата сезона во Лига на шампиони.

Росонерите го започнаја натпреварот со неколку прилики за гол.

Прв се закани Оливиер Жиру, но неговиот удар го сопре Ник Поуп. После таа пропуштена шанса, екипата на Милан беше поконкретна и создаде уште неколку прили, но недостигаше гол во противничката мрежа.

Во вториот дел темпото малце опадна, но нападите на Милан продолжија. Ник Поуп беше на висина на задачата и успеваше да ги скроти сите удари кон неговиот гол.

Во 95-минута прва вистинска прилика за Њукасл, да ги казни сите промашувања на Милан, но Марко Спортиело имаше одлична интервенција.