Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја оствари втората победа во подготвителниот период за новата сезона.
Аеродромци попладнево во „Јане Сандански“ беа подобри од бугарскиот Рилски спортист.
МЗТ доби три од ќетирите периоди и заслужено славеше со 82-65 (30-14, 21-19, 14-18, 17-14).
Марко Баковиќ средбата ја заврши со 16 поени и седум скока, додека Душан Танасковиќ постигна 15 поени. Двоцифрени беа и Бојан Крстевски со 11 и Марко Миловановиќ со 10 поени.
Забележителен настап имаше и Војдан Стојановски, пак, останаа запишани девет поени и по шест скока и асистенции.
Утре против истиот ривал, МЗТ ќе одигра овој нов меч но овој од затворен карактер.
Сезоната стартува во сабота (23 септември) со Супер куп натпреварот против Феникс, што ќе се одигра во СРЦ „Кале“.