Европа има нов нов шампион во одбојка Полска.
Во реприза на ланското финале од Светското првенство, сега Полјаците ја победија Италија и тоа убедливо со 3:0.
Во финалето одиграно во Рим, на досегашниот европски првак не му помогна ниту публиката.
Полјаците одлично го отворија мечот со четири врзани поени. Имаа и убедливи +8 (22-14), па рутинирано го освоија првиот сет (25-20).
Во вториот сет израмнето се играше до 15-15, по што Полска направи серија од пет поени (20-15), па рутински го приведе сетот во своја полза (25-21).
Третиот сет не донесе ништо ново за светскиот шампион. Азурите имаа и +4 (10-6), но повторно Полска се врати во игра и израмни на 10-10.
Во финишот на сетот, полските одбојкари имаа повеќе нерви и концентрација, го добија сетот со 25-23, мечот со 3:0, а со тоа ја освоија и титулата.
Во своето седмо финале, Полска стигна до втората европска титула, откако првата ја освоија 2009-тата во Турција.
Така Полска годинава се радуваше на два трофеи, откако пред 2 месеци победи во Лигата на нациите.
За Италијанците вечерашното беше 12-то финале, по кое Азурите остануваат на седум титули.
Бронзениот медал го освои Словенија која во дуелот за 3.место го победи олимпискиот шампион Франција со 3:2.