Како и што се очекуваше, Кристијан Грчевски е именуван за нов (ВД) селектор на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија.

Информацијата на потврдија од Ракометната федерација, во чие соопштението до јавност пишува:

„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ , односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации , Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Кристијан Грчевски за (ВД) Селектор на женската сениорска репрезентација , а во стручниот штаб се именувани за помошници тренери Ања Алтхаус и Едуарда Амоурим Талевска.

Именуваните лица ќе бидат во функција вршители на должност (ВД), за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024.“

Грчевски летово ја предводеше кадетската селекција на Македонија (У17) на Европскиот шампионат во Црна Гора.

Тој и неговиот стручен штаб сега ќе имаат задача да се вбројат меѓу селекциите кои ќе играат на ЕП 2024.

Македонија е во групата со Шпанија, Литванија и Азербејџан против кој на 11 октомври ќе го започне циклусот натпревари. четири дена подоцна (15 октомври) следува гостувањето кај Литванија.

Пласман на ЕУРО 2024 ќе обезбедат двете најдобри од групата, како и четири најдобри третопласирани селекции од осумте квалификациски групи.

СЕ ЗА НАСТАПОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ КАДЕТКИ (У17) НА ЕП