Како и минатата сезона така и во наредната, 12 екипи во втората и 20 екипи во Третата лига ќе се натпреваруваат во кошаркарското првенство на Македонија.
Во просториите на КФМ, денеска беа извртени извлекувањето на натпреварувачките броеви, а со тоа формиран и распоредот на натпревари во овие конкуренции.
Во Втората лига половина од тимовите се од Скопје. Пријавени се и двете кумановски екипи, како и староседелците од Штип и Велес.
Ним им се приклучуваат новите второлигаши од Тетово и Прилеп, но и Маџари која го зазема местото на Струмица која лани играше во првата лига.
Според ждрепката во 1.коло закажано за 7 октомври ќе играат:
ВТОРА ЛИГА – 1.КОЛО
МЕГА БАСКЕТ – ГКК КУМАНОВО
ВОДНО САНС – МАЏАРИ
МКК КУМАНОВО – ТЕТЕКС ТТК
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – СОКОЛИ 1933
РАБОТНИЧКИ 2018 – БОРЕЦ БАСКЕТ
АНГЕЛИ – ШКУПИ
Во Третата, така-наречена „развојна“ лига 20-те екипи повторно ќе бидат поделени во две конкуренции.
TРЕТА ЛИГА – 1.КОЛО
ИСТОК
МЛАДИНЕЦ – ОВЧЕ ПОЛЕ
БАСКЕТ КАМ – ГЕВГЕЛИЈА
ВАРДАР – ВОДЊАНСКИ ЛИСИЦИ
РОЛИНГ – БУТЕЛ
ФЕНИКС СПОРТ – СТРУМИЦА
ЗАПАД
ФЕНИКС БАСКЕТ – ОХРИД
ТЕТОВО УНИВЕРЗИТЕТ – АЛБЕС
ИБА АКАДЕМИЈА – ХЕРАКЛЕА
ЦРН ДРИМ – ЉУБОТЕН
ГОСТИВАР – ДИБРА ИГЛС