Со четири натпревари денеска стартува новото издание на ракометната Лига на шампиони.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер, е нашиот претставник во елитното натпреварување.
Пелистерци долгата и тешка сезона ја започнуваат пред својата публика во Битола. Во спортската сала „Боро Чурлевски“ гостува данскиот Колштад.
Тимот кој во своите редови има шестмина репрезентативци, предводени од фантастичниот Сагосен, сезонава има големи амбиции во Лигата на шампионите. Можеби и затоа „букмејкерите“ му ја доделуваат улогата на фаворит.
Но, и поголеми фаворити од Колштат, знаеле да „паднат“ во “пеколната“ атмосфера во Битола.
Токму публиката и популарните „Чкембари“ се кои се очекува да бидат осмиот играч на Пелистер, се инспирација повеќе за зелено-белите.
Тренерот Јовиќ, веќе најави дека тимот е подготвен за надигрување, но и дека верува во своите избраници, дека можат на крајот да се радуваат.
Александар Јовиќ: Верувам дека на крајот сите заедно ќе се радуваме
Поддршката сигурно и овојпат нема да изостанува, па за очекување е салата да биде исполнета до последното место.
Ќе биде ли тоа доволно на крајот ракометарите и навивачите на Пелистер да се радуваат, останува да видиме.
Натпреварот Еурофарм – Пелистер – Колштад е во рамките од „А“ групата во која денеска играат и екипите на Киелце и Алаборг.
Утре во истата конкуренција на програмата се средните, Загреб – Кил и ПИК Сегед – ПСЖ.
Сите четири натпревари ќе се играат во попладневниот термин од 18.45 часот.
Оние кои нема да бидат во салата, натпреварот Еурофарм Пелистер – Колштад ќе може да го гледаат во ЖИВО на програмата на МРТ (овде).