`Во јужноамериканската зона се одиграа натпреварите од 2.коло од квалификациите за Светското првенство.

Аргентина и Бразил се единствените селекции кои имаат по две победи. 

Светскиот првак Аргентина на гостувањето во Ла Паз и без Лионел Меси ја победи Боливија со 3:0.

Натпреварот беше решен во последните 15 минути од првото полувреме кога Аргентина поведе со 2:0 со два гола, а домаќинот остана и со играч помалку.

откако Енцо Фернандез им донесе водство на гостите во 31,минута, Роберто Фернандез заработи исклучување во 39-тата. Тоа го казнита гостите со голот Николас Таљафико во 41-та за 2:0.

Конечните 3:0 беа поставени во 83.минута кога Нико Гонзалес ја затресе мрежата.

Во тешкиот натпревар во Лима, Бразил се до самиот финиш се мачеше да го скрши отпорот на Перу.

Само што се влезе во последната (90.минута), по корнерот на Нејмар, на вистинското место беше Маркињос за победа од 1:0.

Уште по драматично беше на дуелот во Матурин, каде Венецуела беше домаќин на Парагвај и славеше со 1:0 со голот на Саломон Рондон од пенал во третата минута од судиското надополнување.

Единствено немаше голови на натпреварот меѓу Чиле и Колумбија кој заврши 0:0.