Македонските одбојкари го завршија својот настап на 33-тото Европското првенство во осминафиналето, во кое беа совладани во три сета од Италија.

Сепак, македонските одбојкари ја остварија целта.

Со двете победи над Данска и Црна Гора во групната фаза на скопската група, избраниците на селекторот Миленковски се пласираа во разигрувањето и меѓу 16.те најдобри репрезентации на Европскиот шампионат.

Денеска на првенството ќе бидат одиграни уште два натпревари по кои ќе го дознаеме и последниот пар за четвртфиналето.

За место меѓу осумте најдобри ќе се борат, Србија – Чешка (18) и Полска – Белгија (20 часот).

Трите досега познати четвртфинални парови ги сочинуваат:

11 септември (Варна)
РОМАНИЈА – ФРАНЦИЈА
СЛОВЕНИЈА – УКРАИНА
12 септември (Бари)
ИТАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА
Србија – Чешка / Полска – Белгија