По еден ден пауза продолжуваат возбудувањата на Европското првенство за одбојкари. 

Репрезентацијата на за прв пат во својата историја е во нокаут рундата. Црвено-жолтите се меѓу 16-те најдобри на Стариот континент.

Тие се во Бари, каде утре против домаќинот, но и актуелен светски и европски шампион Италија, ќе го играат осминафиналниот натпревар.

А, денеска на програмата се два меча од осминафиналето и тоа во бугарскиот град Варна.

ОСМИНАФИНАЛЕ
Петок
16:30 ХРВАТСКА – РОМАНИЈА
19:30 ФРАНЦИЈА – БУГАРИЈА
Сабота
16:30 СЛОВЕНИЈА – ТУРЦИЈА
18:00 ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
19:30 ПОРТУГАЛИЈА – УКРАИНА
21:00 ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА
Недела
18:00 СРБИЈА – ЧЕШКА
21:00 ПОЛСКА – БЕЛГИЈА