Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година со победа го започна циклусот квалификации за Европското првенство 2025-та во Чешка.
На гостувањето во Јенчепинг, македонските фудбалери ги совладаа врсниците од Шведска со 1-0.
Клучниот момент се случи во 7-та минута.
По големата грешка на домашната одбрана, Иван Николов најдобро се снајде и од втор обид успеа да го совлада Шведскиот голман.
Иако домаќините во продолжението се обидуваа да стигнат до израмнување, сепак црвеноп-жолтите успешно одолеваа на нападите. Одличен на нашиот гол беше Марко Алчевски кој во 100-тата минута имаше фантастична интервенција, па не дозволи израмнување.
Сосема заслужено избраниците на селекторот Канатларовски стартуваа со три бода во овие квалификации.
Веќе во вторник нашите младинци ги чека нов предизвик. Во Скопје гостува топ фаворитот во оваа група селекцијата на Холандија.
Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 15.30 часот.