По откажувањето на Стефан Ристовски, капитенската чест во репрезентацијата на Македонија, ќе ја има Еиес Барди.
,,Ова е многу емотивно за мене. Да се биде капитен е привилегија. Во тимот има многумина кои го заслужуваат тоа. Ова е нов предизвик за сите. Треба да свртиме нова страна. Против вакви противници без максимален ангажман неможеш да се надеваш на позитивен резултат”, изјави Барди.
Имајќи во предвид дека во тимот има и неколку помлади играчи, искусниот Барди смета.
,,Никогаш не е лесно кога има промени во тимот. Но, ако си помагаме едни на други и играме заедно како еден може да се надеваме на добар резултат”.
Барди ќе биде предводникот на Македонија во утрешниот натпревар со Италија од 20.45 часот.