Последен ден натпревари на Европското одбојкарско првенство во Скопје. Тој ни носи два натпревар.
Секако за нас важен е настапот на репрезентацијата на Македонија кој вечерва игра против Чешка.
Двете репрезентации во овој меч ќе влезат со идентичен „скор“ по две победи и порази.
Токму затоа исходот од овој дуел ќе реши која репрезентација ќе заврши како трето пласирана во групата, зад Полска и Холандија.
„Добро ја знаеме Чешка, играше на завршниот турнир на Златната Европската лига.
И тие имаат играчи со големо искуство кои настапуваат во најсилните лиги. Дел од нив дури не се ниту во првата постава. Тоа само по себе говори дека се одлиен тим.
Сепак Чешка ме е ниту Полска, ниту Холандија, и можеме да се надигруваме со нив“, смета селекторот Јошко Миленковски.
Сепак, селекторот Миленковски е со големи главоболки.
Сеуште неизвесен е настапот на капитенот Никола Ѓорѓиев, кој поради повреда на грбот, не играше ниту на вчерашниот меч со Холандија.
Дали медицинскиот персонал ќе го оспособи Никола за овој меч останува да видиме.
Натпреварот започнува во вечерниот термин од 20 часот.
Македонските одбојкарите посакуваат полна сала и бројна публика, со која заедно би ја прославиле победата, за крај на настапот во Скопје.